front |1 |2 |3 |4 |5 |6 |7 |8 |9 |10 |11 |12 |13 |14 |15 |16 |17 |18 |19 |20 |21 |22 |23 |24 |25 |26 |27 |28 |29 |30 |31 |32 |33 |34 |35 |36 |37 |38 |39 |40 |41 |42 |43 |44 |45 |46 |47 |48 |49 |50 |51| 52 |53 | 54 |55 |56 |review |
Инфлуенца А вирусот се наоѓа во многу различни животни, вклучувајќи ги кокошките, патките, свињите, коњите и фоките. Има 16 различни хемаглутинински и 9 различни неуроминидаза подтипови и сите од нив може да се најдат во дивите птици. Тие с еприроден резервоар на сите подтипови и може да бидат извор за инфлуенца А вирус за другите животни. Најголем број на вирусите предизвикуваат благи и умерени инфекции кај птиците; меѓутоа тежината на клиничката слика зависи од подтипот на самиот вирус. Инфекцијата со некои подтипови на инфлуенца А вирусот (на пр. Н5 и Н7 вирусите) може да предизвика широко распространување на болеста со смрт на меѓу одредени видови на диви и домашни птици како што се кокошките и мисирките. Свињите може да бидат инфицирани и со хумани и со птичји вируси на инфлуенца и дополнително со свински вируси на инфлуенца. Знаците на инфекција кај свињите се слични на оние како кај човекот: кашлање, треска и течење на носот. Со огле дека свињите се чувствителни на птичјите, хуманите и свинските типови на инфлуенца, тие потенцијално може да бидат инфицирани со инфлуенца од различни животински видови и од човекот истовремено (на пр. со вируси на инфлуенца на мисирка и на човек). Доколку тоа се случи тогаш е можно гените на овие вируси да се измешаат и да формираат нов вирус. |