front |1 |2 |3 |4 |5 |6 |7 |8 |9 |10 |11 |12 |13 |14 |15 |16 |17 |18 |19 |20 |21 |22 |23 |24 |25 |26 |27 |28 |29 |30 |31 |32 |33 |34 |35 |36 |37 |38 |39 |40 |41 |42 |43 |44 |45 |46 |47 |48 |49 |50 |51 |52 |review |
Внатрешните антигени (MP и NP протеините) се протеини специфични за типот на вирусот (тип-специфични антигени) што се користат за детерминирање на посебните вируси А, В и С. Овие протеини имаат вкрстена реактивност . Екстерните антигени (HA и NA) покажуваат повеќе варијации и се карактеристични за суб-типовите на вирусот. Тие се користат за идентификација на посебните подтипови на грипот тип А и се одговорни за епидемијата. Поддтиповите на грипот се именуваат според типот на хемаглутининот и на неуроминидаза протеинските антигени, на пр. како H3N2 за тип 2 хемаглутиназа и тип 3 неуроминидаза површински антигени. Ако два или повеќе подтипови на грипот инфицираат иста клетка истовремен, нивната протеинска и липидна обвивка се менува и RNA се транскрибира како mRNA. Клетката домаќин во тој случај формира нов вирус кој ги комбинира антигените. На пр. H3N2 и H5N1 може да формираат нов подтип H5N2 вирус. Бидејќи човековиот имунолошки систем не може да го препознае овој нов подтип, тој може да биде екстремно опасен. |