front |1 |2 |3 |4 |5 |6 |7 |8 |9 |10 |11 |12 |13 |14 |15 |16 |17 |18 |19 |20 |21 |22 |23 |24 |25 |26 |27 |28 |29 |30 |31 |32 |33 |34 |review |
Вие како доктор никогаш не сте виделе случај на големи сипаници, што е многу различно од периодот кога живееле вашите дедовци. Клиничките доктори работеа заедно со јавно-здравствените работници и научниците од областа на глобалното здравје во ерадикацијата на едно од заболувањата со најголема смртност. Ние може да го продолжиме успехот постигнат со големите сипаници ако работиме заедно на други локални проблеми што имаат голем глобален импакт.
Историјата на појавата и ерадикацијата на големите сипаници е една од успешните приказни за „модерните“ клиничари и јавното здравје. Милиони луѓе во Европа и Мексико умреа како резултат на ширењето на епидемиите од големи сипаници. Намалувањето на случаите со големи сипаници започна по откривањето на сознанието дека оние кои ја преживеале болеста имаат солиден и траен имунитет кон ова заболување до крајот на нивниот живот. Тоа довело до воведување на „вариолација“ – процес на изложување на здрави лица на инфективен материјал од лица со големи сипаници, со надеж дека тоа би предизвикало умерено тешка болест и би обезбедило траен имунитет од следна инфекција на така изложените лица. Следниот чекор кон ерадикацијата на големите сипаници бил резултат на согледувањата на англискиот доктор Edward Jenner, дека млекарите кои заболувале од кравски сипаници, слично, но помалку серозно заболување, подоцна не заболувале од големи сипаници. Во 1796 Jenner земал течност од пустулата на кравја сипаница од еден млекар и ја инокулирал на едно 8-годишно момче. 6 недели подоцна тој го изложил момчето на големи сипаници и тоа не развило симптоми на болест. Така Jenner го вовел во употреба терминот вакцинација од латинскиот збор „ vaca“ што на латински значи крава. Неговата работа иницијално беше критикувана, но наскоро и широко прифатена и прилагодена. До 1800 година околу 100,000 луѓе ширум светот беа вакцинирани. Во 1967 година Светската здравствена организација покрена светска кампања за ерадикација на големите сипаници. Оваа цел беше постигната по 10 години , пред се благодарејќи на масовната вакцинација. Последниот ендемски случај на големи сипаници беше регистриран во Сомалија во 1977 година. На 8 мај 1980 година СЗо објави дека светот е ослободен од големи сипаници.
Истражувањето за глобалното здравје и ширењето на информациите игра многу значајна улога во ерадикацијата на големите сипаници. Како резултат на глобалните напори и колаборативните истражувања на клиничарите и студентите по медицина, денес не може да се види случај на големи сипаници.
Од http://dermatology.about.com/cs/smallpox/a/smallpoxhx.htm
За повеќе информации за др. Edward Jenner, посетете ја Википедиа. |