front |1 |2 |3 |4 |5 |6 |7 |8 |9 |10 |11 |12 |13 |14 |15 |16 |17 |18 |19 |20 |21 |22 |23 |24 |25 |26 |27 |28 |29 |30 |31 |32 |33 |34 |review |
Кои се најзначајните проблеми на глобалното здравје денес? Публикацијата објавена 1996 година „Оптеретување со болест“ ги дава податоцоите од 1990 година со проекција за сотојбите што може да се очекуваат во 2020 година, укажува на три групи на здравствени проблеми кои заедно, го претставуваат вкупното оптеретување со болест во светот. Тие се: Група 1 – состојби поврзани со заразните болести, матернално и перинатално здравје и исхраната; Група 2 – незаразни болести и Група 3 – повреди. Во секоја од овие категории има повеќе специфични услови со кои тие се поврзани.
15-те водечки индивидуални проблеми, базирани на DALYs (disability-adjusted life years – години на живот прилагодени на онеспособеност) се: (1) инфекции на долни дишни патишта; (2) дијареални болести; (3) состојби поврзани со перинаталниот период; (4) униполарна депресија; (5) исхемична срцева болест; (6) цереброваскуларни болести; (7) туберкулоза; (8) морбили; (9) сообраќајни несреќи; (10) конгенитални аномалии; (11) маларија; (12) хронична обструктивна белодробна болест; (13) паѓања; (14) железо-дефицитна анемија; (15) анемија.
Незаразните болести се широко распространети болести со кои често се среќаваат студентите по медицина во нивната практика. Ние треба да работиме заедно и да го споделуваме нашето знаење со цел за превенција и терапија на овие состојби.
|