front |1 |2 |3 |4 |5 |6 |7 |8 |9 |10 |11 |12 |13 |14 |15 |16 |17 |18 |19 |20 |21 |22 |23 |24 |25 |26 |27 |28 |review |
Кратка биографија на Хипократ (Hippocrates) Хипократ, (460-377? п.н.е.) е исклучителен медицински писател од Грција. Малку се знае за неговиот живот, со исклучок дека бил доктор на островот Cos, дека припаѓал на најинтелектуалниот период од животот на Грција и дека бил едноставно ослободен од суеверие. Му се припишуваат преку осумдесет расправи, но денес се смета дека некои од нив се пишувани од други, кои го позајмиле неговото име и репутација. Неговите собрани дела се вкупно десет томови - Енциклопедија за медицина и хирургија, како што тоа тогаш се нарекувало. Хипократ се нарекува татко на научната медицина. Не верувал во чудни болести и излекувања. Тој сметал дека правилната исхрана е неопходна за здравјето и дека климата има длабоко влијание врз човековиот дух и здравје. Тој умрел во Thessaly, во длабока старост. Во Грција, 19 септември се слави како Ден на Хипократ. Ние преддлагаме Денот на Хипократ да се слави во целиот свет како прослава на превенцијата, Светски ден на превенцијата, кога сите ќе можеме да работиме заедно на превенцијата на болестите. На 19 септември 2003 година, ние сакаме да стапат во “брак” медицинските концепти на Хипократ и превентивните концепти на грчката божица на здравјето Хигија (Hygeia). Хигија е божица на доброто здравје, придружувана од нејзиниот татко Асклепиј (Asklepios), како и од Афродита (Aphrodite), која ја претставува превенцијата на болеста. “Заедницата” на Хипократ и Хигија може исто така да претставува две форми на енергија Yan & Yin. За дополнителни информации за Хипократ, посетете: http://www.allsands.com/Science/hippocratesbiog_rtb_gn.htm Овој слајд го направи Глобалната здравствена мрежа на тимот на Supercourse |