prev next front |1 |2 |3 |4 |5 |6 |7 |8 |9 |10 |11 |12 |13 |14 |15 |16 |17 |18 |19 |20 |21 |22 |23 |24 |25 |26 |27 |28 |review
Автор на слајдот: Letchuman Ramanathan,Tonkin A.
Presented at AHA Scientific Sessions, 1997
Како што е прикажано на неколку претходни слајдови, драматичното зголемување на очекуваното траење на животот забележано во минатиот век, најзначајно е предизвикано од подобрувањето на санитацијата, исхраната, јавното здравство, а се тоа можеме да го наречеме јавно здравје. Очекуваното траење на животот највеке зависи од доенечката смртност и смртноста на децата, на што пак најмногу влијаат заразните болести. Значи, продолзување на очекуваното траење на животот во земјите во развој, може да биде забележано преку превенција на заразните болести во овој век.
Во исто време, и во развиените и во земјите во развој, најзначајна причина за заболување кај оние на возраст над 15 години се незаразните болести (Sen K et al. Lancet 356: 577-82; 2000).  Размислувајќи и зборувајќи за превенцијата во 21 век, ние би морале да зборуваме за превенцијата на незаразните болести, давајќи им исто значење како на заразните. Овој слајд ги презентира резултатите од неколку клинички испитувања, кои ја демонстрираат користа од употребата на статинот за превенција на кардиоваскуларните болести.
Публикацијата на првите резултати на Студијата за заштита на срцето (Heart Protection Study - HPS), најголемата студија за статин во светот, ги поттикна барањата за клинички водичи за намалување на нивото на холестерол, кои ја нагласуваат стратегијата за третман на високиот ризик, а не на високиот холестерол.
Heart Protection Study Of Cholesterol Lowering With Simvastatin in 20,536 High–risk Individual: a randomized placebo controlled trial   Lancet 2002 Jul 6;360(9326):7-22
Главна причина за морталитет и морбидитет во развиените и најголем број на земјите во развој во светот денес се кардиоваскуларните болести. Мерките на здравиот начин на живот, како што се одржување на добро балансирана исхрана, избегнување на пушењето на цигари и телесната активност, дефинитивно придонесуваат во превенцијата на овие болести. Меѓутоа, наспроти овие мерки, се уште има пациенти кои подлегнуваат на болеста. Слајдот ги сумаризира сите резултати од големите студии, корисејќи група на лекови наречени statin во примарната и секундарна превенција на коронарната артериска болест. Статините се многу ефикасни во намалувањето на нивото на холестерол. Како резултат на овие студии денес има широко прифатени водичи за тоа како треба да се третираат високо ризични пациенти со статин.  Користејки статин на соодветен начин, на долги патеки ќе се намалат трошоците, бидејки луѓето ќе водат подолг и поздрав живот.
Ова значајно медицинско знаење мора да биде широко раширено ширум светот, за да направи значајно подобрување на животот на луѓето - Supercourse може да помогне во тоа.
References:
Shepherd J et al. N Engl J Med. 1995;333:1301-1307.
4S Study Group. Lancet. 1995;345:1274-1275.
Sacks FM et al. N Engl J Med. 1996;335:1001-1009.
Downs JR et al. JAMA. 1998;279:1615-1622.