front |1 |2 |3 |4 |5 |6 |7 |8 |9 |10 |11 |12 |13 |14 |15 |16 |17 |18 |19 |20 |21 |22 |23 |24 |25 |26 |27 |28 |review |
Автори се тимот на ГЗМ на Supercourse групата Епидемиолошката транзиција и здравјето Денес е широко прифатен ставот дека со зголемување на економскиот раст, земјите во развој ќе го следат истиот пат како Европа и Северна Америка , а искуствата се познати како “епидемиолошка транзиција”. Овој термин ги опишува промените во образецот на болестите, следено со севкупно подобрување на здравјето,што се случува кон крајот на 19 и почетокот на 20 век. Со оглед дека морталитетната стапка се намалува, а расте очекуваното траење на животот, кај овие популации се забележува и смена во моделот на болестите, од доминирачки заразни болести кон доминирачки хронични болести, како што се срцевите болести и канцерот. Тоа поместување кон хроничните болести може да биде делумно објаснето и со фактот дека многу повеќе луѓе живеат во возраст кога хроничните болести напаѓаат. Но, сепак, оваа транзиција не претставува само едноставна субституција на еден сет на проблеми со друг, туку севкупно подобрување на здравјето. Елементите на епидемиолошката транзиција се јавуваат и сега во различен степен и тоа во најголем број на земјите во развој во светот. Во некои средно развиени земји на Латинска Америка и Азија на пример, хроничните болести зeмаат ист или поголем данок, отколку заразните болести [1]. Но, оваа транзиција се уште не е целосно завршена. Многу земји, особено најсиромашните, се уште имаат големо оптеретување од заразни болести, заедно со растечкиот проблем на хроничните болести. Овие популации не замениле еден сет на проблеми со друг; наместо тоа тие страдаат од двата, што е познато како “дупло оптеретување” со болест [2]. Но, транзицијата не е неизбежна. Како што покажува историјата на Санитарната револуција, неопходни се координирани политики и вложувања за подобрување на двете - квалитетот на животната средина и јавното здравство.
1. Christopher J. L. Murray and Alan D. Lopez, eds., The Global
Burden of Disease: Volume 1 (World Health Organization,
2. A. Rossi-Espagnet, G.B. Goldstein, and I. Tabibzadeh, "Urbanization and Health in Developing Countries: A Challenge for Health for All," World Health Statistics Quarterly, Vol. 44, No. 4 (1991), p. 208. |